Во просториите на Командата за обука и доктрини(КОД), бригадниот генерал Лулзим Нуредини оствари официјална средба со досегашното одбранбено аташе на Република Турција, полковник Реџаи Јилмаз, по повод завршување на мандатот. На средбата генералот Нуредини изрази искрена благодарност за неговото професионално ангажирање и посветеност во развивањето на континуирано добрата билатерална воена соработка при што беше истакнат придонесот во унапредувањето на соработката во областа на военото образование и обуката. Полковникот Реџаи Илмаз се заблагодари за досегашната соработка во областа на обуката и посака многу успеси на Командата за обука и доктрини во иднина.








