Во пресрет на одбележувањето на 18-ти Август, Денот на Армијата, денес на воениот стадион во Градскиот парк, со постројување на екипите од командите и единиците на Армијата од гарнизоните низ Републиката, свечено беа отворени финалните спортски натпревари.
Учесниците ќе се натпреваруваат во крос трчање, мал фудбал, кошарка, одбојка, шах и пинг понг, а победниците во истите дисциплини ќе бидат прогласени на свеченоста организирана по повод Денот на Армијата.