Во период од 2-ри до 5-ти јуни, во Домот на АРМ во Скопје се реализира годишен состанок на началниците за логистика на земјите членки на А5 потписнички на Јадранската повелба.
На состанокот присуствуваа началниците за логистика од армиите на Република Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Хрватска, претставници од Армијата на САД – Европска команда, како и претставници од Република Косово во својство на земјa-набљудувач.
Целта на состанокот е: запознавање со структурата на логистиката во АРМ, размена на информации и дискусија за понатамошен развој на соработка во областа на логистиката и разговори за идните логистички иницијативи. Во фокус на овогодишниот состанок ќе бидат и меѓународните вежби LOGEX 17 и CAPABLE LOGISTICION.
Во рамките на годишниот состанок предвидена е посета на дел од капацитетите на АРМ и тоа Центарот за медицинска обука, Кампот за обука на вода и Центарот за обука на пилоти.