Во Домот на АРМ во Скопје, денес и утре во организација на ГШ на АРМ се одржува конференција за обука на АРМ. На конференцијата за обука присуствуваат претставници од организациските единици на ГШ на АРМ, началниците на секциите одговорни за обука и вежби (Ј/Г/А/С-7) од потчинетите команди и единици, до ниво на баталјон и главните подофицери од сите команди и единици на ГШ на АРМ.
Во рамки на конференцијата ќе се изврши буџетирање на активностите за обука и вежби во АРМ според потребите како и координација на активностите за 2016 година.
Согласно програмата ќе бидат презентирани и оперативните побарувања и потребни количини на артефиции за поддршка на секоја активност од плановите за обука и вежби од потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ.
На вториот ден од конференцијата ќе присуствуваат претставници од : Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Организацијата на резервни офицери на Република Македонија.
Конференцијата за обука е редовна активност која се реализира два пати годишно, каде што се анализира изведената воено-стручна обука во тековната и се дефинираат целите за наредната година.