Согласно Планот за работа на ГШ на АРМ, Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и началниците на секции во генералштабот на АРМ, на реферирање од страна на командантите на првопотчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, се запознаа со статусот на борбената готовност во единиците за 2018 година.
На годишното реферирање кое се реализира во Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“ на кои присуствуваа и дел од раководителите на секторите на МО, командантите пред началникот ги изнесоа планираните и реализираните активности, обуката и останатите сегменти од работата на единиците и нивното влијание врз борбената готовност.
Командантите на потчинетите единици ги презентираа состојбите во персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските комуникациите, буџетирањето и цивилно-воените односи. Притоа се претставени исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката и ангажирањата, условите за живот и работа, како и научените лекции од мировните мисии.
Од страна на началникот на ГШ на АРМ, на крајот од реферирањето се искажани заклучоци за презентираните состојби и дадени се насоки за планираните активности во следната 2019 година.