Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски денес изврши обиколка на единиците кои се стационирани во касарните „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово и „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево, како дел од планираните активности за обиколка на гарнизоните и информирање на припадниците на Армијата.
Во рамки на обиколката, припадниците на Армијата кои извршуваат редовни задачи во единиците од гарнизонот Кичево и Тетово, од страна на генералот Лафчиски беа информирани за актуелниот и можниот ангажман во меѓународните операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН, досегашното и идното учество на вежбовни активности и процесот на модернизација на Армијата.
На денешното информирање, меѓудругото се дискутираше и за имплементација на обврските од Колективниот договор и условите за живот и работа, со цел подигнување на стандардот на припадниците на Армијата, како и за приоритетите и очекувањата за следната година.