Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новото нерезидентно одбранбено аташе на Кралството Белгија за Република Македонија, полковник Ивес Кувелиер.
Началникот на ГШ на АРМ на полковникот Кувелиер му посака срдечно добредојде во Република Македонија при што побара зајакнат ангажман во контекст на билатерална соработка на двете армии на полето на одбраната.
Генералот Величковски во оваа прилика изрази благодарност за максималната логистичка поддршка на четата на АРМ во рамки на борбената група на ЕУ (2014/II), каде Кралството Белгија беше водечка земја .
Соработката на Армијата на Република Македонија со белгиските вооружени сили започнува во операцијата на ЕУФОР во БиХ, АЛТЕА, со ангажирање хеликоптерскиот деташман на АРМ во рамките на белгискиот хеликоптерски деташман.