Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал – потполковник Горанчо Котески денес, 28-ми ноември изврши обиколка и контрола на полкот за Специјални Операции и баталјонот на Воена Полиција.
При обиколката беа согледани условите за живот и работа во командите и единиците, како и нивото на борбена готовност на истите.
Од извршената контрола беше утврдена подготвеноста на единиците и беа дадени насоки за понатамошна работа.