Согласно планот за обука со НАТО, во периодот од 25.03 до 28.03.2019 година во Домот Армијата се одржа обука за Комуникациски и информациски системи (КИС) со НАТО мобилен тренинг тим (МТТ). На обуката учествуваат офицери од родот врски од командите и единиците на Армијата.
Тренинг тимот од НАТО презентираше способности, планирање, искуства, научени лекции и иден развој на КИС во НАТО. Главен дел на обуката беше организација и функционирање на КИС во НАТО, при распоредување на команди и единици во мировни мисии и операции.
Исто така, се разменија и искуства и научени лекции во делот на информациската безбедноост и сајбер одбраната во НАТО, преку дефинирање на сајбер заканите со анализа на ризик и дефинирање на потребата за сајбер одбрана.