Денес, 08 април 2014 година, на Армискиот Полигон Криволак, започна НАТО оценувањето – Ниво 2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Леснaта маневарска болница – Ниво 2 (ЛМБ) во рамките на вежбата „Македонски блесок-10“.
Активноста започна со оценување во мирновременски услови во гарнизоните: Скопје, Петровец, Прилеп, Штип и Куманово која се реализираше во текот на вчерашниот ден и брифинг на оценувачите во присуство на директорот на вежбата потполковник Ѓоко Максимов. Целта на овој дел од оценување е да се оцени борбената готовност и способноста за извршување на мисијата на СПБГ и ЛМБ. Оценувањето се врши согласно Концептот за оперативни способности на НАТО по следните 5 области: планови, операции, логистика, врски и администрација. Оценувањето го реализира оценувачки тим составен од претставници на 15 НАТО оценувачи и национални претставници. Директор на оценувањето за СПБГ е потполковник Сашко Лафчиски, додека директор за ЛМБ е мајор Билјана Блажеска.
За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето по што истото ќе им биде соопштено на оценуваните единици.
НАТО оценувањето ниво 2 е од големо значење за АРМ, од причина што првпат се ќе оценуваат единица од поголем обим како што се СПБГ и ЛМБ од овој тип, кои се декларирани за учество во мисии предводени од НАТО.