По повод навршување на осумнаесет години од загинувањето на десетте припадници на Армијата, висока воена делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана, положи венци со свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.
Во знак на почит, осумнаесет годишнината од загинувањето на десетте припадници се одбележа и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп, каде делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, членови од семејствата, колеги, роднини, пријатели и сограѓани по истиот повод положија свежо цвеќе .
Во нападот на конвојот на армиските сили во месноста Карпалак на 8 –ми Август 2001 година животот го загубија Марко Деспотоски, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, од резервниот состав на армијата, од гарнизонот Прилеп.