Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, со полагање на венец свежо цвеќе, им оддаде почит на загинатите припадниците од состав на АРМ кои во 2001 година го изгубија животот во месноста Љуботенски бачила.
Делегацијата на МО и ГШ на АРМ која положи венец свежо цвеќе во с. Љубанци и касарната „Илинден“ беше предводена од началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.
На полагањето на венец свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во с. Волково делегацијата од МО и ГШ на АРМ беше предводена од бригаден генерал Стојан Димчов.