Денес, (18-ти март 2015 година) во Домот на АРМ во Скопје, во организација на секцијата Обука и вежби, Ј-7 на ГШ на АРМ, се одржа конференција за обука на АРМ. Конференцијата ја отвори началникот на Ј-7 на ГШ на АРМ, полковник Зоран Додевски кој го нагласи значењето на конференцијата, на која потчинетите команди и единици до ГШ на АРМ ги искажуваат буџетските потреби за 2016 година кои се во функција на изведувањето на обуката.
На конференцијата за обука присуствуваше заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај, претставници од организациските единици на ГШ на АРМ, заменици на команданти или началници на штаб на потчинетите команди и единици, началниците на секциите одговорни за обука и вежби (Ј/Г/А/С-7) до ниво на баталјон и главните подофицери од сите команди и единици.
Целта на конференцијата беше да се координира планирањето на обуката и вежбите и да се согледаат буџетските потреби по овие прашања, на ниво на АРМ за 2016 година.
Конференцијата за обука во АРМ се реализира двапати годишно.
Во месец март се реализира Конференцијата за планирање и програмирање на активности за обука, а во месец ноември се реализира Конференцијата за буџетирање на активностите за обука за наредната година.