Со полагање на свежо цвеќе и воени почести на градските гробишта во Бутел во Скопје, пред вечниот дом на претседателите и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски на партизанските гробишта делегација од АРМ и МО се започна со активностите за одбележувањето на јубилејниот 25-ти роденден на Армијата на Република Македонија.
Венци со свежо цвеќе положија: делегација на ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, од Министерството за одбрана од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини на Република Македонија, и други.