Денес (1-ви јануари), Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, по повод новогодишните празници, ги посети припадниците на Командата за обука и доктрини на АРМ во касарната „Алекса Демниевски-Бауман“ во Велес, каде беше придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.
Честитајќи им ја Новата 2014 година, Претседателот Иванов на припадниците на Командата за обука и доктрини им подари ТВ приемник и им посака многу успех во извршувањето на задачите во новата година.
Како и во изминатите години, Врховниот командант на вооружените сили, посетата на припадниците на АРМ во првиот ден од Новата година, го искористи за заеднички ручек, кој денес го приреди Командата за обука и доктрини на АРМ.