Вчера, (24.09.2014 година), Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, со златна значка на АРМ ги награди потполковникот Предраг Станоевиќ од Воено-медицинскиот центар и постариот водник I класа Виктор Петковиќ од баталјонот на Воена полиција.
Златна значка на Армијата, на старешините им е доделена за покажаната пожртвуваност и врвна обученост, при укажување на медицинска помош, со што тие направија подвиг, спасувајќи еден млад живот.
Ова беше уште еден доказ за хуманоста на припадниците на АРМ, кои во оваа прилика демонстрираа практична примена на стекнатите знаења и вештини од воено-медицинската обука, но и способност за брза и ефикасна реакција при спасување на човечки живот.