Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија, заедно со членови на воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, изведоа незаборавен предновогодишен концерт, во Домот на АРМ во Скопје.
Трилатералниот предновогодишен концерт го проследи највисокото државно и воено раководство меѓу кои: Претседателот на Владата на Република Македонија, министерката за одбрана, НГШ на АРМ, НГШ на војската на Црна Гора, министри во владата на Република Македонија, амбасадори и претставниците на воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија, активните и пензионирани генерали во АРМ, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, припадници од сите команди и единици на АРМ и други гости.
Воениот оркестар предводен од диригентите од трите оркестри, пред аудиториумот на исполнетата сала во Домот на АРМ, заеднички изведе едночасовен концерт во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници во чест на припадниците на армиите во регионот и меѓусебната регионална соработка.
На синоќешниот концерт на воените оркестри на трите армии, посетителите имаа единствена прилика да уживаат во изведбите на различни нумери од познати домашни и светски автори и музички теми од филмска музика кој заврши со познатиот Радетски Марш од Јохан Штраус постариот.
Гости на концертот ќе бидат Бени Шакири, кој ја интерпретираше познатата македонска нумера „Кажи нешто драга“и Кристина Арнаудова ја изведе „Ол ај вонт фор кристмас ис ју“, а во улога на водител со изведбите публиката ја запознаваше Ирена Спировска.
Трилатералниот настапот на Воените оркестри е проект кој за првпат се изведува во ваков состав, планиран во рамките на регионалната меѓуармиска соработка со цел продлабочување на меѓусебната соработка и приближување на Армијата до граѓаните.