На ден 06.06.2014 година продолжуваат активностите на вежбата „Брз Лав 14“ со учество на четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2).
Во текот на денот од страна на четата од составот 4 механизиран пешадиски баталјон на 1.механизирана пешадиска бригада во согласност со замисленото сценарио на вежбата реализираа активности во согласност со листата на суштински задачи од мисијата во рамките на ЕУБГ 2014-2 (пронајдена изгубена муниција и начин на реакција, прием и ескорт на ВИП личности, барање за средба со високи претставници, недозволено фотографирање и сл).
Штабниот персонал од составот на АРМ, како составен дел од командата на ЕУБГ 2014-2, на своите должности продолжија да ја презентираат способноста за справување со предизвиците на оперативното планирање, а со тоа и придонесуваат за успешната сертификација на штабот на ЕУБГ, што е и примарна задача на вежбата Брз Лав-14.
Посебно би требало да се нагласи и исклучителната реакција на патролата од составот на четата при реално пронаоѓање на сомнителен ранец во близина на базата кој од страна на тим за разминирање (ЕОД тим) од белгиската армија беше уништен со експлозив.
Во истото време припадниците од останатите земји учеснички: (Холандија, Луксенбург, Шпанија, Германија и Белгија) го дадоа својот придонес и учество на вежбата со реакција на различни настани и инциденти.
Во текот на наредниот ден продолжуваат активностите на вежбата и обиколката на командантот на борбената група на сите единици кои учествуваат на вежбата.