Денес, 9-ти Март 2015 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари протоколарна средба со новопоставениот амбасадор на САД во Република Македонија, Н. Е. Џес Бејли.
Посакувајќи му успех и резултати на амбасадорот на САД, генералот Котески ја истакна одличната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на САД, кои претставуваат стратешки партнер на полето на меѓуармиската соработка.
Оценувајќи ја соработката помеѓу Република Македонија и САД, на полето на одбраната на високо ниво, амбасадорот Бејли истакна дека САД го ценат високо придонесот на Република Македонија во системите за колективна одбрана и безбедност, заради што во иднина одличната соработка помеѓу двете армии ќе продолжи да се развива во нагорна линија.