Во периодот од 19 до 22 Мај 2014 година, Главниот подофицер на АРМ Драган Стојановски присуствуваше на Конференцијата на главни подофицери од Армиите во Европа, која под покровителство на Командата на Копнентите сили на САД во Европа се одржа во Тбилиси, Грузија.
Темата на годинешната конференција на главни подофицери од Армиите во Европа беше “Улога и одговорности на подофицерите во идните безбедносни предизвици“. Конференцијата беше идеална прилика за размена на искуства и дискусии помеѓу главните подофицери на Армиите во Европа во врска со актуелните безбедносни предизвици со кои тие се срекаваат.
Покрај наведената тема во текот на конференцијата дискусиите генерираа и теми со кои беа разменети идеи во работата на главните подофицери, научени лекции и програми за поголема поддршка и развој на подофицерските корови во армиите низ Европа.
Домаќини на Конференцијата беа Главниот подофицер на USAREUR главен наредник Дејвид Девенпорт и Главниот подофицер на Грузиската Армија Алауда Копалиани.