Во период од 04. до 15.05.2015 година во Белград, Република Србија се одржа меѓународната логистичка вежба „LOGEX 2015“ на која учествуваа десет припадници на АРМ. На вежбата, покрај логистичките штабни офицери од АРМ, учествуваа и претстваници од армиите на: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Финска, Црна Гора, Молдавија и Кралството Шведска.
Целта на вежбата беше зголемување на интероперабилноста помеѓу учесниците при планирање и формирање, распоредување, опстојување и прераспоредување на единиците, со акцент на мутинационална логистичка поддршка. На LOGEX 2015 беше демонстрирана обученоста на штабните логистички офицери за планирање и распоредување на сили, согласно системот за командување и контрола во НАТО, како и процедурите за поддршка на земјата домаќин, прифат, сместување и движење, со прераспоредување во рамките на мултинационална бригада.
Оваа вежба која се изведува во низа, изминативе неколку години, уште еднаш се покажа исклучително успешна за усовршување на обуката на штабните логистички офицери на армиите од регионот, но и прилика за согледување на комлексноста на логистичката поддршка на силите до ниво на бригада, со користење на НАТО процедури при логистичко планирање и имплементација.
Штабните логистички офицери од АРМ на вежбата покажаа висок степен на интероперативност и умешност во примената на НАТО процедурите за известување и користење на НАТО системите како што е LOGFAS и други.