Со денешната видео телеконференциска врска со командите и единиците на АРМ во ГШ на АРМ се воведе во оперативна употреба видео телеконференциски систем за командување во АРМ.
Со овој проект се овозможи визуелизација на комуникацијата преку информациско комуникациската мрежа на АРМ во системот на командување и контрола помеѓу командите и единиците на АРМ, односно „Видео телекомандување“.
По одржаната прва видео телеконференциска врска, проектот е оценет како значаен, бидејќи со ова се подобрува процесот на донесување и пренесување на воени одлуки со заштеда на време.
Со имплементирање на проектот кој е изработен и менаџиран од страна на секцијата за комуникациско и информациски системи во ГШ на АРМ, се зајакнуваат способностите и капацитетите на комуникацискиот систем на АРМ, што претставува достигнување на стандардите во уште еден сегмент со армиите на НАТО земјите членки.