За успешната организација и реализација на 21-та Конференција на Началниците на генералштабовите на САД – Јадранската повелба, од страна на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски на персоналот кој беше ангажиран доделени се златна, сребрена и бронзена значка на АРМ, наградно отсуство и пофалници.
По тој повод денес во ГШ на АРМ, заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал Мухамет Рацај врачи значки на припадниците на АРМ за вложениот труд, посветеноста и успешното извршување на задачите, како во процесот на подготовка, така и за време на реализацијата на Конференцијата.
Армијата на Република Македонија беше домаќин на 21.Конференција на началниците на генералштабовите на САД – Јадранската повелба, која се одржа во Скопје во период од 8 до 10 ноември.