Во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево, припадниците од прв пешадиски баталјон (1.пб) од составот на Прва пешадиска бригада (1.пбр), во соработка со територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и ЈП „Македонски Шуми“од Кичево, организираа и реализираа обука за противпожарна заштита.
Обуката се спроведе во два дела и тоа теоретски и практичен дел.
Во текот на обуката од страна на професионалните пожарникари, беа покажани и објаснети причините за настанување на пожарите, преземање на противпожарно – превентивните мерки и активностите кои треба да се превземаат при гасење на пожари со формациските средства со кои располага единицата.
За време на практичниот дел, од страна на професионалниот тим на ТППЕ беа демонстрирани постапки кои се превземаат за гаснење на пожар и тоа: гасење на пожар во објект и извлекување на повредени и постапки и процедури на сообраќајна незгода со моторно возило.
Обуката се реализираше на почетокот на летната сезона, кога реално постојат зголемени опасности од пожари на отворен и во затворен простор. Противпожарна обука во соработка со територијалните противпожарни единици ќе биде спроведена и во останатите единици од 1.пбр.
ГЃ/ДЧ








