Во рамки на подготовките за претстојната дваесет и прва Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), денес се одржа вториот состанок на работната група за имплементација на кој покрај припадници на АРМ како домаќин, присуствуваа претставници од армиите на САД и земјите членки на А-5.
На состанокот членовите на работната група на Јадранската повелба покрај преглед и ревидирање на листата за активности за 2017 година, меморандумот за разбирање за здружени воени вежби и обуки на териториите на земјите членки на А-5, посебен акцент се даде на претстојната вежба „Здружена реакција 17“ која ќе се реализира во рамки на овој формат.
На денешниот состанок кој се одржа во Скопје, се разговараше и за деталите околу организацијата на конференцијата и главната тема по која ќе се реализира 21 конференција на НГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба.
На конференцијата, чиј домаќин е Република Македонија во период од 12 до 14 септември ќе учествуваат НГШ на Армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба (Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) претставници на ВС на САД за Европа, сојузничката команда на НАТО во Неапол, командантите на националните гарди (НГ) од сојузните држави на САД кои се партнери на земјите од А5, и земјите набљудувачи (Словенија, Србија и Косово).