Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се спроведе акција за доброволно дарување на крв. Својата хуманост во акцијата освен припадниците на единиците кои се лоцирани во касарната, ја покажаа и војниците на доброволно служење на воен рок.
Акцијата на која беа дарувани 80 крвни единици се реализира во организација на екипа од институтот за трансфузиологија од Скопје во соработка со Црвен Крст на Република Македонија.
Преку дарувањето на крв, чин кој претставува највисоко ниво на хуманост , припадниците во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес на најдобар начин покажаа солидарност во спасување и продолжување на човечки животи.