Денес во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим на ВС на Р. Чешка и еден инспектор од ВС на Унгарија и Словачка.
За време на престојот во КОД, инспекцискиот тим беше придружуван од страна на ескорт тимот составен од претставници на Одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за одбрана на Република Македонија.
Во текот на работниот состанок, инспекторскиот тим имаше можност да се запознае со мисијата, задачите, кратката историја на Центарот за поддршка на обуката во АП „Криволак“ и КОД во целина, а исто така и да се реализира прелет преку специфицираната област со цел запознавање со нејзините карактеристики и елементи кои подлежат на интересите за инспектирање од страна на инспекторскиот тим согласно „Виенски документ 2011“.