Старешините и цивилните лица од командата на Команда за обука и доктрини (КОД) и Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции реализираа кондиционен рекреативен марш. Маршот е планска активност според календарот за обука на КОД за 2014 година. Сите учесници на маршот пешачеа на релација с. Сујаклари – с. Отовица се до крајната цел бродот на Велешко езеро.
Маршот започна од основното училиште во с. Сујаклари што воедно беше и можност да се посети училиштето во кое учат мал број на деца. При тоа на децата им се поделија војнички ужини кои професионалните војници слушатели на Примарниот курс за лидери доброволно ги отстапија за таа намена. Малото внимание ги направи децата среќни од посетата на „војниците“ како што децата ги нарекуваат сите во војничка униформа.
Дождливото време придонесе учесниците на маршот за пократко време да ја поминат одредената дестинација. Маршот заврши со заеднички ручек во ресторанот на бродот „Панини“ на Велешкото езеро.