Во периодот од 11 до 15 мај 2026 година во Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, се реализираше Курс за психолошки операции на тактичко ниво.
Носител на активноста беше Командата за обука и доктрини, а со поддршка и координација на одделението за психолошки операции во Ј-3/ ГШ на Армијата.
Целта на курсот беше слушателите да се запознаат со местото и улогата на психолошките операции во структурата на НАТО и Армијата. Воедно слушателите да се оспособат и за практична примена на психолошките операции во процесот на воено планирање и донесување на одлука во командите и единиците во Армијата на тактичко ниво и нивно спроведување во текот на операциите.
На курсот учество земаа офицери, подофицери и професионални војници од командите и единиците во Армијата, кои во иднина ќе бидат дел од тимот на Армијата во доменот на психолошки операции.








