На ден 17.08.2022 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се одржа свеченост по повод одбележување на 18 Август – Денот на Армијата и јубилејот 30 години од формирањето на Армијата. На свеченоста присуствуваа вработени во касарната и поканети гости од локалната самоуправа градоначалници на општини, претставници од државните институции и здруженија на Велес.
За време на свеченоста во своето обраќање пред присутните гости Началникот на штаб на Командата за обука и доктрини полковник Лулзим Нуредини се наврати на настаните и почетоците од формирањето на Армијата и ги истакна значајните периоди од формирањето на баталјонот Мирче Ацев до официјалното пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. На крајот од својот говор истакна дека КОД несомнено како дел од Армијата низ годините има голем придонес во градењето на капацитетите кои ги користат сите останати единици во Армијата.
На свеченоста беа прочитани наредбите за унапредување и стимулативните мерки за припадниците од гарнизонот Велес.