На ден 30.07.2015 Командата за обука и доктрина (КОД) реализираше спортски натпревари во рамките на реализација на активностите за одбележување на 18 ти Август- Денот на Армијата на Република Македонија. Спортските натпревари се одржани во дисциплините шах и пинг-понг чија реализација беше во касарната „Алекса Демниевски–Бауман“ и дисциплината мал фудбал која е спроведена во спортската сала во ОУ „Блаже Конески“ во Велес.
На спортските натпревари освен спортски екипи од Командата и потчинетите единици на КОД, активно учество земаа и екипите на Локалната самоуправа на градот Велес. Натпреварите се отворени од страна на надлежните органи на КОД кои на учесниците им посакаа фер – плеј игра и успех во натпреварите.
По завршените натпревари, на најдобрите спортски екипи им беа доделени соодветни дипломи. За севкупен победник на спортските натпревари е прогласена спортската екипа на Командата за обука и доктрини која во текот на натпреварите освои две први места во дисциплините шах и пинг-понг.
Реализацијата на спортските натпревари на рамниште на КОД придонесе за уште поголем развој на натпреварувачкиот и тимскиот дух помеѓу натпреварувачите – припадниците на Командата за обука и доктрини. Најдобрите поединци и екипи на денешните натпревари ќе ја претставуваат репрезентацијата на КОД на претстојните спортски натпревари на рамниште на АРМ, кои ќе се одржат на почетокот на месец Август на воениот стадион во Скопје, како дел активностите за одбележување на Денот на АРМ.