На 27 мај 2026 година, во посета на Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) АП „Криволак“, беше воениот советник на Европската Унија и одбранбено аташе за земјите на Западен Балкан, полковник Алеш Минаржик.
На приемот и средбата, од страна на заменик-командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), полковник Дарко Стојкоски, во името на КОД, беше истакнато местото и улогата на АП „Криволак“ во функција на обуката и вежбите. Од страна на командантот на ЦПО, потполковник Горан Кимов беа презентирани капацитетите и можностите на АП „Криволак“, по што се изврши обиколка на дел од полигонот и објектите.
На крајот од посетата, заеднички беше потенцирано задоволството од активноста и интерес за продолжување на понатамошната соработка.








