Во Командата за обука и доктрини (КОД) со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“ се реализираше посета од страна на тим од подофицери предводен од Главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт, придружуван од главниот подофицер на Армијата на Република Северна Македонија.
Командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, му посака добредојде на тимот, при што го потенцираше огромното значење на единицата во обуката на подофицерскиот кадар, кој може успешно да се соочи и прилагоди на современите предизвици.
Главниот подофицер на КОД, преку кратка презентација ги запозна присутните со мисијата, обуката и капацитетите за обука во Командата за обука и доктрини. Делегацијата го посети Основниот курс за подофицери кој се реализира на АП Криволак Пепелиште, каде се запозна со организацијата на подофицерските курсеви кои се реализираат во Командата за обука и доктрини.
С/Г