Согласно годишниот план календар за обука на Армијата за 2020 година во период од 10.08. до 16.09.2020 година на АП „Криволак“ во тек е реализација на стационарно логорување со питомците од трета и четврта година од Центарот за обука на питомци.
За време на оваа практична настава успешно беа реализирани активности од родот пешадија, артилерија и против воздушна одбрана при што питомците се стекнаа со стручно специјалистички знаења неопходни за соодветниот род.
Пренесените знаења кој што беа потребни за питомците да се оспособат за успешно раководење и командување со единиците, планирање, организирање и изведување на борбена обука и воспитување, придонесоа питомците целосно да бидат подготвени за правилно и брзо донесување на одлуки за извршување на мисии од соодветниот род.
Со реализација на практичната настава питомците имаат можност во целост да ги надградат и утврдат веќе стекнатите теоретски знаења и да се стекнат со самодоверба и искуство за живот и работа во теренски услови неопходни за секој иден, современ и добро обучен офицер на Армијата.