На 27 Октомври во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“, Велес во Центарот за индивидуална обука пристигнаа 230 лица, кои идните три месеци ќе бидат составен дел од Армијата на Република Македонија. Меѓу нив има 14 припаднички од женскиот пол кои имаат желба да бидат војници. Ова е дваесет и четврта генерација војници кои доброволно ќе го служат воениот рок.
Командата за обука и доктрини, како главен носител на процесот на обуката и единствен центар за реализација на обука на војници на доброволно служење на воениот рок, и овој пат подготвено ги прими и смести младите војници.
По краткиот период за прилагодување започнува обуката која има разновидни програмски содржини. Знаењето што ќе го стекнат војниците во идните три месеци ќе биде основа за понатамошен нивен развој како идни припадници на Армијата на Република Македонија.