Припадниците од Командата за обука и доктрини заедно со припадници од потчинетите единици реализираа кондиционо-рекреативен марш во реонот на Стар Дојран, притоа реализирајќи две дополнителни активности на две различни работни точки.
За време на активностите по работни точки на кондициониот марш припадниците на КОД имаа можност да се запознаат со карактеристиките и побитните аспекти во развојот на Македонското литературно творештвото и просветителство во 19век за време на престојот и творењето на Партение Зографски.
На втората работна точка пред припадниците беше реализирано запознавање со географските и топографските карактеристики на теренот, од страна на припадници од КОД, а воедно се организираше и историски час со тежиште на карактеристиките на конкретната разместеност и карактеристики на јужниот фронт од првата светска војна во месноста викана Копсан. При тоа беше претставена целата организација на јужниот фронт трите офанзиви од првата светска војна посебно на битките од дојранскиот фронт од организација на силите и командните места снабдувањето и последиците по локалното население. Крајната цел на оваа работна точка беше преку историски осврт да се направи една анализа на примената на функциите на борбеното поле во првата светска војна.