Согласно програмата за одбележување на денот на Командата за обука и доктрини (КОД), денес на 07.04.2017 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ се реализираа спортски натпревари во три дисциплини: мал фудбал, пинг понг и шах. За победниците во натпреварувањата обезбедени се дипломи кои свечено ќе им бидат доделени за време на централната прослава по повод одбележување на „15 април – Денот на Командата за обука и доктрини“.
Освен припадниците од потчинетите единици на КОД, на овој спортски настан учество зедоа и екипи од: локалната самоуправа на градот Велес, подрачната единица на министерството за одбрана од Велес и секторот за внатрешни работи – Велес.
Со оваа активност уште еднаш покажавме дека спортот во Армијата претставува значаен сегмент во обуката, но исто така, дека низ различните форми и содржини претставува значајна алатка за развивање на пријателството и соработката со локалните власти и институции.