Во рамки на програмата за одбележување на денот на КОД, на ден 08.04.2015 година на спортскиот терен во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ се одиграа спортски натпревари. На овој спортски настан учество зедоа вкупно шест екипи од командата и потчинетите единици на КОД. Екипите кои се натпреваруваа ги одмерија своите сили во следните спортови: мал фудбал, пинг понг, шах и крос кантри трчање за мажи и жени.
Целта на овие натпреварувања е другарувањето и спортувањето, но сепак кај учесниците не изостана натпреварувачката мотивација.
На натпреварите првите места ги освоија следните екипи и поединци.
- Мал фудбал – Команда за обука и доктрини;
- Пинг понг – Команда за обука и доктрини;
- Шах – Центар за индивидуална обука;
- Крос кантри трчање (машка конкуренција) – Центар за обука на питомци и
- Крос кантри трчање (женска конкуренција) – Центар за обука на питомци.
Припадниците од единиците на КОД, го истакнаа спортскиот дух и нивната физичката кондиција кои се неопходни фактори за извршување на поставените задачи, но воедно позитивно влијаат и врз севкупното здравје и морал.