Припадниците од различни единици на Армијата, собрани на едно место, реализираат основна воена обука со инструкторите од Командата за обука и доктрини, баталјонот за специјални сили и извидувачко-разузнавачкиот баталјон.
Обуката и активностите кои се реализираат за време на курсот за подофицери се во согласност со препораките и насоките спроведени со протоколите за заштита од ширење на COVID-19.
Слушателите на основниот курс за подофицери целосно и посветено се ангажирани при изведувањето, извежбувањето и демонстрирањето на предвидените вежби и активности од содржината која е планирана да се реализира. За успешна реализација на овој вид на курс потребно е висок степен на обученост, физичка подготвеност, добра извежбаност и одлична координација помеѓу инструкторите, командирите и слушателите што практично се покажа за време на реализација на планираната обука.
Реализацијата на обуката во теренски услови, за идните подофицери, претставува одлична можност да ги повторат веќе стекнатите знаења, а воедно да осознаат нови вештини и техники, кои ќе ги применуваат при изведување на обуката за достигнување на поставените стандарди.