Денес 17.06.2015 година во Центарот за индивидуална обука согласно годишниот План за обука на Команда за обука и доктрини (КОД), реализиран е тромесечен брифинг за обука (ТБО) и полугодишно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на единиците на АРМ.
Командантите и началниците на потчинетите единици на КОД, пред командантот на КОД – полковник Љупчо Костовски, во присуство на целокупниот штаб од командата, презентираа за состојбите во сопствените единици во однос на персоналот, одржувањето на материјално-техничките средства и опремата и активностите од доменот на обуката во досегашниот период од 2015 година.
Тежиштето при самата реализација на ТБО е дадено на анализата на реализираните тежишни активности, предизвиците со кои потчинетите единици на КОД беа соочени при реализација на задачите во изминатиот период, предлози за нивно надминување како и на дефинирање на приоритети за наредниот период.
Како заклучок на реферирањето констатирано е успешно извршување на мисијата на КОД во првата половина на 2015 година, особено во делот на давање на поддршка на единиците на АРМ во доменот на колективната обука.