Во периодот од 1 до 5 јуни 2026 година, во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес беше успешно реализиран курс за системска и мрежна поддршка на комуникациско-информатичките системи. На обуката учествуваа припадници од повеќе команди и единици на Армијата, а истата беше спроведена од страна на стручен персонал од Командата за обука и доктрини.
Курсот беше насочен кон надградување на стручните знаења на персоналот од родот врски во областа на администрацијата и одржувањето на компјутерските мрежи. Во текот на обуката слушателите се стекнаа со теоретски и практични знаења за конфигурирање на мрежни уреди, управување со кориснички профили, заштита на информациските системи и решавање на технички проблеми во мрежна средина.
Особено внимание беше посветено на примената на современи методи и процедури за обезбедување непречено функционирање на комуникациско-информатичките системи, согласно прописите на Армијата и стандардите кои се применуваат во НАТО-операциите и мисиите.
По завршувањето на курсот, од страна на началникот на штаб, полковник Гоце Филипоски на учесниците им беа доделени сертификати за успешно совладаната програма. Во своето обраќање, полковникот Филипоски истакна дека постојаното стручно усовршување е клучен фактор за развојот на човечките ресурси и за одржување на високото ниво на оперативна подготвеност на Армијата.
Со реализацијата на оваа обука се продолжува процесот на јакнење на капацитетите на персоналот од областа на комуникациско-информатичките системи, кои имаат значајна улога во поддршката на командувањето и извршувањето на задачите на Армијата.








