Во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес успешно заврши курсот за готвачи 1-26, наменет на припадниците на Армијата со цел унапредување на нивните стручни знаења и практични вештини во областа на подготовка и послужување на храна.
За време на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со современи техники на готвење, организација на работата во кујна, примена на хигиенско-санитарни мерки и подготовка на разновидни оброци, согласно потребите на Армијата.
Особено акцент ќе биде ставен на подготовка на разновидни нутритивно избалансирани оброци, согласно потребите и барањата на aрмискиот персонал. Со реализација на овој курс Армијата продолжува да инвестира во развојот на припадниците и во постигнување на квалитетот на услугите.
За успешно завршување на курсот, на учесниците им беа доделени сертификати од страна на заменик-командантот на Командата за обука и доктрини полковник Дарко Стојкоски, кој им честиташе за вложениот труд, посветеноста и постигнатите резултати, посакувајќи им успех во понатамошното професионално ангажирање.
Командата за обука и доктрини и понатаму останува посветена на развојот на стручни кадри преку реализација на квалитетни обуки и курсеви, кои придонесуваат за зголемување на оперативните способности на Армијата.








