На 26 Јуни во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) 26 слушатели подофицери од единиците на Армијата на Република Македонија го завршија Напредниот курс за подофицери.
Напредниот курс за подофицери произведува квалификувани командири на 1-ви одделенија и командири на 3-ти водови, подофицери оспособени да ги преземат сите одговорности поврзани со оваа должност.
Со завршувањето на овој курс слушателите се здобиваат со знаење и искуство неопходно за успешно прифаќање на новите должности кои им претстојат во понатамошната работа.
Во текот на обуката која започна на 13-ти Мај, инструкторите од ЦИО од секцијата за обука на подофицери ги оспособија слушателите во успешно изведување на борбените задачи со одделение – вод, при тоа почитувајќи ги стандардните процедури кои се од суштинско значење за успешно извршување на секоја мисија, се запознаа со процесот на обуката, а ги подобрија и вештините на комуникација и презентирање.
На пригодна свеченост по повод завршетокот на курсот застапникот на командантот на ЦИО мајор Оливер Велески на сите слушатели им додели сертификати за успешно завршен курс.