Денес 22 Јануари 2015 година во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) заврши обуката на војниците на доброволно служење на воениот рок.
За дваесет и четвртата генерација војници кои доброволно го служат воениот рок обуката започна во ноември минатата година. Во текот на изминатите три месеци 225 војници меѓу кои 14 припаднички од понежниот пол ги постигнаа очекуваните резултати. Покрај реализацијата на основната воена обука војниците беа вклучени и во активности во воените објекти во сите гарнизони на Армијата на Република Македонија.
Со завршувањето на основната воена обука во ЦИО војниците се стекнаа со знаења кои се основни темели на обуката. Сите војници на доброволно служење на воениот рок кои ја имаат завршено основната обука во наредниот период имаат можност да конкурираат за идни професионални војници во редовите на Армијата на Република Македонија.
Во наредните денови војниците ќе ја напуштат касарната во Велес и ќе се вратат во своите места на живеење со едно побогато животно искуство.