Во Здружената оперативна команда во Куманово со цел целосна реализација на Планот за вежбата вежбата за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 2019“,која се реализираше во периодот од 16.09. до 19.09.2019 година, се реализира првична анализи од сите учесници на вежбата „Национален одговор 2019“.
Заменикот на Командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Орце Јордев обраќајќи се на учесниците на анализата ја истакна успешната реализација на вежбата како и важноста на истата која беше еден од високите приоритети на Здружената оперативна команда за 2019 година. Генерал Јордев истакна дека оваа вежба покажа како треба да работат институциите при справување со елементарните непогоди.
Директор на вежбата, полковник Жикица Јовановски, изразувајќи пофални зборови за вложениот труд на учесниците за нивниот придонес при подготовките и реализацијата на вежбата „Национален одговор 2019“ го нагласи значењето на вежбата како и меѓусебната соработка на сите ентитети инволвирани во системот за справување со кризи.
Основна цел на вежбата беше да се покажат оперативните способности на ЗОК со другите единици во Армијата, ЦУК, ДЗС, МВР и други владини и невладини агенции во справување со елементарните непогоди.
ЧС