Во период од 25 до 27.04.2016 година во посета на баталјонот на Воената Полиција (бВП), престојуваше делегација од Воената полиција на Бугарската армија предводена од заменик директорот на Центарот за логистика и обука, потполковник Никола Јовков и главен инспектор во секторот за безбедност и контрола на сообраќајот потполковник Симеон Георгиев.
Делегацијата беше пречекана од страна на Командантот на бВП, потполковник Васко Коколански и претставници од командата и штабот во бВП. За време на дводневниот престој делегацијата имаше можност да се запознае со улогата и мисија на единицата, структурата, опремата, стекнатите искуства од учеството во мисиите и предизвиците со кои се соочува единицата во поддршка на единиците на МВР при справувањето со бегалската криза на јужната граница.
За време на посетата реализирани се разговори и за правилата за ангажирање на Воената Полиција како и трендовите на развој и модернизирање на воената полиција во НАТО земјите.
Посетата продолжи со тактичко технички збор (ТТЗ) каде беа презентирани дел од опремата со која е опремена единицата, а беа реализирани и две Методско показни вежби (МПВ): „Воената полиција во справување со толпа“ и „Работа на службено куче во откривање на минско експлозивни средства во возило“.