Во период од 08.06. до 12.06.2015 година во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ се одржа Главната Планирачка Конференција (ГПК) за вежбата „Македонски Блесок 11“ како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира во првата половина на месец Октомври на Армискиот Плигон (АП) „Криволак“ и во ЦО „Пепелиште“.
За важноста на претстојната активност говори и фактот што за време на ГПК во период од 08-10.06.2015 година се реализира НАТО советодавна посета од страна на оценувачи од Командата на Сојузничките сили на НАТО во Неапол (Allied Joint Force Command Naples), како и посета од страна на претставници од Здружената Оперативна Команда.
Притоа на посетителите од страна на директорот на вежбата и лидерите на синдикатите им беа презентирани : Планот и сценарио на вежбата, структура и статус на единиците, главна листа на настани и инциденти, безбедносен и брифинг за спецификација, како и можностите за обука кои ги овозможува АП „Криволак“.
Во текот на петдневната работа на конференцијата работен јазик беше англискиот на кој беа изработени сите документи кои се предвидени за оваа планирачка фаза со Директивата за планирање Bi-SC 75-3 и се во согласност со стандардните оперативни процедури кои се применуваат во НАТО.