Денес (04.12.2014 година) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) командантите на првопотчинетите единици (ппе) на ЗОК брифираа за степенот на борбената готовност (б/г) на единиците во 2014 година.
Командантите на единиците пред командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, заменик на командантот бригаден генерал Мухамет Рацај и началниците на секциите од штабот брифираа за планираните и реализирани активности кои се однесуваат на б/г во текот на 2014 година.
Во своите излагања командантите на ппе се осврнаа на степенот на обученост, пополнетост со персонал и опрема на единиците како и потребните мерки и активности кои треба да се превземат со цел подигање на степенот на б/г на повисоко ниво.