Денес во рамки на цивилно-воената соработка, традиционално и оваа година во пресрет на новогодишните и божиќните празници, припадниците од 3.пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), реализираа хуманитарна акција во донација на облека и прехранбени продукти.
Собраните средства од хуманитарната акција беа предадени на претставниците од Воспитно-поправната установа во село Волковија, Општина Бревеница, Тетово.
Припадниците на 1.пбр и овој пат, како и многу пати досега, на дело ја покажаа хуманоста да помогнат онаму каде што тоа е потребно.
ГЃ/ДЧ