На 19 и 20 Март во Здружената Оперативната Команда (ЗОК) на АРМ, 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр), бригадата за логистичка поддршка (брЛП) и Резервните сили престојуваше инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“.
Инспекцискиот тим беше составен од припадници на Вооружените Сили на Република Албанија, Република Хрватска,кои беа придружувани од екипа на одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерството за Одбрана на Република Македонија.
Обиколката започна во командата на ЗОК и Резервни сили во гарнизонот Куманово, а потоа продолжи во 1.мпбр и вбр во гарнизонот Петровец, а денес обиколката продолжува во брЛП во Скопје и на третиот механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.мпбр во Тетово.
За време на обиколката инспекцискиот тим од страна на клучниот персонал во ЗОК и командите на првопотчинетите единици е запознаен со сите активности и состојби кои се однесуваат на одредбите од „Виенскиот документ 2011“ како и со историјата, мисијата, организациско формациската структура, пополнетоста со персонал и опрема на единиците.